Црн март, во Мексико убиени 2.020 луѓе

Во Мексико во март се евидентирани повеќе од 2.000 убиства, прв пат од летото во 2011 година.

За разлика од 2011 година, кога најголем број случаеви со крваво насилство, во врска со нарко картелите, е регистриран во Сиудат Хуарез, во државата Чивава, убиствата во март оваа година се случија на територијата на цело Мексико.

Сојузната влада објави податоци за бројот на убиства во сите држави заклучно со март кога се убиени 2.020 луѓе, што е зголемување за 11 отсто во спореда со февруари.

Од јануари до март убиени се вкупно 5.775 лица, што е зголемување за 29 отсто во однос на овие три месеци од минатата година.

Најповеќе убиства се случилем државите Гереро, Баха Калифорнија и Баха Калифорнија Сур, наведува агенцијата АП.