Цунамито помина, следува спасувачката мисија

LinkSense.mk

Утрото по изборите е секогаш попаметно отколку вечерта по нив. Резултатите ги видовме, честитките се испорачани, оставките депонирани. За учесниците во изборната трка и нивните штабови следуваше долга, непроспана ноќ, за секого од различни, спротивни причини.

Сега сите си го поставуваат прашањето што ќе се случува понатаму?

Опциите за тоа се изброени, не се бесконечни. Прилично поедноставено кажано, мнозинството од гласачите (и оние кои гласаа и оние кои не го искористија тоа свое демократско право) сакаат промена на власта, не само на локално ниво, за што тукушто јасно се изјаснија. Толкувањата можеа да бидат поинакви, да беа резултатите поизбалансирани, но ваквиот убедлив исход на изборите демонстрира решеност опозицијата да ја преземе одговорноста за водењето на државата. Како што тоа би го испеал поетот Балашевиќ, принципот е ист, сѐ друго се нијанси.

Според тоа, прашањето се чини техничко: кога и како?

Нема можност за „брзи избори“ во Македонија, бидејќи и „најбрзите“ би биле некаде за време на идната пролет. Да не прераскажуваме закони и да толкуваме рокови, врти-сучи, без 4-5 месеци избори побрзо не би можеле да се спроведат – освен ако не реши власта итно да ги свикува! Толку будали, после вакви изборни резултати, веројатно не се.

Постои можноста – секогаш – за ново мнозинство во Собранието, ама ако во него не влезат сите, освен СДСМ, и таквата влада, предводена од сегашните опозиционери, би имала шлампаво двегодишно мнозинство, со трошење време и нерви низ коишто помина(ува) оваа Влада, а изборните резултати ги гледаме. Толку будали од ВМРО-ДПМНЕ, после вакви изборни резултати, веројатно не се.

За можноста за „концентрациона/техничка влада“, во која сите на купче би нѐ малтретирале со месеци, додека некое мнозинство не процени дека сака да спроведе вонредни избори, е најслабата опција што стои на располагање. Толку будали, после вакви изборни резултати, граѓаните не се.

Колумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја тука