Честитка од претседателот Иванов по повод Божик

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, упати честитка до сите христијански верници кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар.

„Ми претставува особено задоволство на сите верници на Католичката црква во Република Македонија, да ви го честитам празникот на Христовото раѓање – Божик. На овој празник ја славиме љубовта, надежта и животот. На сите македонски граѓани кои го прославуваат Рождеството Христово според Грегоријанскиот календар, им посакувам радост и среќа во текот на целата година – Христос се роди“, се вели во честитката од претседателот Иванов.