„Четири скокалници“: Кубацки со рекорден скок триумфираше во Гармишпартенкирхен

Полскиот репрезентативец во скијачки скокови Давид Кубацки триумфираше попладнево на втората етапа од новогодишната турнеја „Четири скокалници“, поставувајќи нов рекорд на скокалницата во Гармишпартенкирхен.

Кубацки до својата петта победа во кариерата стигна со скокови од 139 метри во првата, и рекордни 144 метри во втората серија.

Второто место го освои водечкиот во генералниот пласман, Норвежанецот Халвор Егнер Гранеруд, со скокови од 137 и 136 метри, додека место на подиумот имаше и за сонародникот на Кубацки, Пјотр Жила (129.5 и 137 метри)

Новогодишната турнеја „Четири скокалници“ се сели в недела во Инсбрук.