Шангај живее во иднината, ручек се доставува со дрон

Ако на светот постои место кое секој ден живее во филм од далечна иднина, тогаш тоа е Шангај, најголемиот град во Кина. Таму сосем вообичаено е во ресторан да слушнете:

„Добар ден, сакам да порачам ручек. Живеам на 35 кат.“

И веднаш потоа одговор:

„Вашата порачка ќе биде испорачана со дрон. Така ќе стаса побрзо.“

тука виртуелниот живот премина на ниво на забава. Затоа што повеќе ништо не останало од работите кои го олеснуваат секојдневието што се однесува на дигитализацијата, тогаш софтверите даваат одговори на прашањата колку сте високи или убави, од која земја доаѓате, од кој пол сте и колку години имате. И, прилично се прецизни.

Во градот каде што во потесното подрачје живеат околу 24 милиони жители, а во околината барем уште десет милиони, ретко можете да видите некој да ја помине улицата на црвено.

Причината е едноставна: една од неколкуте милиони камери ќе го сними прекршокот, и тоа од повеќе агли, со зумирање на лицето. А казната, која е прилично висока, за само час два ќе стаса на вашата адреса.

Шангај е полн со паркови, дрва и цвеќиња. Иако има посебни градини каде што влезот се наплатува, во овој град и најобична зелена површина изгледа како вистинско ремек дело. Наутро се полева секоја саксија. Во една од градините, каде што некогаш беше британскиот конзулат, а сега е двор на еден елитен хотел, се наоѓаат дрва стари по повеќе стотици години. Кинезите стеблата ги прицврстиле со скелиња, а едно дури го завиле со газа и му ја даваат потребната терапија.

Сосем вообичаена сцена на улиците на Шангај во традиционалните кинески населби, каде што нема солитери, е тоа алиштата да се сушат кому каде што ќе му падне на памет. Така туристите мораат да водат сметка за тоа нечии панталони или долен веш да не го закачат по глава.

Не постои светски бренд кој во Шангај нема свое претставништво, од „Прада“ до „Ламборџини“.

Сепак, на туристите многу интересни им се таканаречените силк или фејл маркетите, каде што совршени копии, кои дури ни креаторите не можат да ги препознаат, се продаваат по исклучително ниски цени. Секако, со ценкање – како по правило, десет отсто од првата понуда е крајната цена.

Кинеската култура се гледа на секој чекор. Сите чекаат на ред, се пуши само на строго означени места, а веројатноста дека ако нешто изгубите, ќе го најдете на истото место, речиси е стопроцентна.

Во Шангај сите имаат некои свои задолженија. На секој чекор можат да се сретнат младенци кои се фотографираат. Нивните венчавки заради големите гужви се закажани една година однапред.

На многу работи туристите во Шангај лесно се навикнуваат. Сепак, храната, за многу посетители, не е една од нив. Далеку е поинаква од кинеската храна што се јаде во ресторани на Балканот. Оригиналната е со многу поинтензивен мирис, со силни зачини, а се јаде се што може да се јаде. Така, на пример, пиле можете да добиете на тањир со глава и нозе.

Можеби и не е за верување, но во градот, каде што на момент ќе добиете впечаток дека секој има своја ракета за пат на Месечината, речиси никој не зборува англиски. Сите имаат апликации за превод на телефоните.