Шаповалов и Цонга во четвртфиналето на Париз

Канадскиот тенисер Денис Шаповалов и Французинот Жо Вилфред Цонга се пласираа денеска во четвртфиналето на мастерсот во Париз.

Шаповалов во осминафиналето го победи Германецот Александар Зверев со 6:2, 5:7 и 6:2, додека Цонга славеше против Германецот Јан Ленард Штруф со 2:6, 6:4 и 7:6.

Канаѓанецот во четвртфиналето ќе игра против победникот од мечот меѓу Гаел Монфис и Раду Албот, додека противник на Цонга ќе биде подобриот од дуелот меѓу Стан Вавринка и Рафаел Надал.