Швајцарката Гут победи во спуст во Кортино

Швајцарската скијачка Лара Гут победи денес во спустот, во трката која е во рамки на Светкиот куп, во италијанскиот центар Кортино д’Ампецо.

Актуелната победничка на Светскиот куп победи со резултат од 1:37,08 и ја оствари 23 победа во купот.

Второто место го освои Италијанска Софија Гоџа, со заостанување од 0,05 секунди, додека трета низ целта помина Илка Штухец од Словенија со 0,47 секунди заостанување.

„Нема подобар начин да го дочекам Светското првенство“, изјави Гут, која ја оствари првата победа во спуст во Кортина.

Американската Линдзи Вон падна и удри во заштитната ограда, на истото место на кое падна и во петокот на тренингот.

Таа до сега 11 пати победи во Кортино, а на натпреварите се врати на почетокот на годинава после паузата од речиси една година поради повреда на коленото и рамото.

Во генералниот пласман во спуст прва е Штухец со 437 бодови, втора е Гут со 360, додека трета е Гоџа со 300 бодови.

Во вкупниот поредок во Светскиот куп, Американката Михаела Шифрин е прва со 1.053 бодови, пред Гут со 1.023 и Гоџа со 709.