Шведска го прекинува вакцинирањето со „Модерна“ за помлади од 30 години

LinkSense.mk

Шведска ќе ја суспендира вакцината на „Модерна“ против корона вирусо за лица родени 1991 година и подоцна, после извештајот за можни ретки нуспојави, како што е миокардитис, објави шведската јанвоздрватсвена агенција.

Заводот за јавно здравје соопшти дека податоците укажуваат на зачестена појава на миокардитис (воспаление на срцевиот мускул) и перикардитис (воспаление на срцевата обвивка) кај младите кои се вакцинирани со овој вид на вакцина.

Поврзаноста е особено јасна во случајот со вакцината ‘Спикевакс’ од компанијата ‘Модерна’, особено после втората примена доза“, се наведува во соопштението. Сепак, се додава во него, ризикот од миокардитис и перикардитис е многу мал. Агенцијата сега за наведената возрасна група ја препорачува вакцината „Фајзер“ на “Бионтек“.

Лицата родени во 1991 година или подоцна кои ја примиле првата доза на вакцината на Модерна, околу 81 илјада, нема да ја примат втората доза, се наведува во соопштението.

На почетокот на неделава шведската јавноздравствена агенција објави информација дека децата од 12 до 15 години можат да примат само вакцина „Фајзер“.

Европската агенција за лекови ја одобри вакцината „Фајзер“ во мај, а во јули на „Модерна“, за деца постари од 12 години.

 

 

 

(Фото: ЕПА)