Шведскиот научник Сванте Пеб е добитник на „Нобел“ за медицина

LinkSense.mk

Нобеловата награда за медицина ја доби Швеѓанецот Сванте Пебо за неговите откритија за човековата еволуција, соопшти Нобеловиот комитет на Институтот Каролинска во Стокхолм.

Научникот стана лауреат на наградата „за неговите откритија во областа на геномите на изумрените хоминиди и човечката еволуција“, се вели во соопштението.

Да потсетиме, почетокот на октомври ја означува сезоната на Нобеловите награди.

Шест дена, шест награди, нови лица од целиот свет се додадени на најелитната светска листа на научници, писатели, економисти и лидери. Нобеловата сезона традиционално започнува во понеделник, со награда за медицина, во вторник за физика, во среда за хемија, во четврток за литература и во петок за мир, а следниот понеделник ќе биде соопштено името на добитникот на наградата за економија.