Шест потврдени случаи на Ковид-19 во ракометниот клуб „Охрид“

Шест члена на Градскиот ракометен клуб „Охрид“ се позитивни на Ковид-19.

Според информациите од клубот, сите инфицирани од кои петмина играчи и еден член на Управата на клубот се во добра здравствена состојба, со лесна клиничка слика и се ставени во изолација.

Од ГРК „Охрид“ истакнаа дека клубот ќе се придржува до сите до сите протоколи и решенија за изолација и понатамошните насоки од Ракометната федерација на Македонија, со апел истото тоа да го прават и останатите спортски колективи со цел спречување на натамошно ширење на заразата.

Во групата А каде се натпреварува „Охрид“ коронавирус е потврден и во други клубови, така што засега се одложени сите натпревари.