Шкотланѓаните сакаат втор референдум за независност

LinkSense.mk

Врховниот суд на Велика Британија вчера одлучи дека шкотскиот парламент не може да одобри втор по ред референдум за независност без согласност на Вестминстер.

Случајот беше изнесен пред судот откако шкотската прва министерка Никола Старџен навести втор референдум за независност што ќе се одржи на 19 октомври 2023 година.

Но, претседателот на Врховниот суд, Роберт Џон Рид, вчера рече:

„Шкотскиот парламент нема право да распише референдум за независност на Шкотска“.

Тоа значи дека највисокиот правосуден службеник на шкотската влада, нема да може да одобри предлог-законот да помине низ шкотскиот парламент.

Тој е главен јавен обвинител кој е, исто така, и министер во шкотската влада, а го именува кралот или кралицата по препорака на првиот министер, со согласност на шкотскиот парламент.

Таа должност моментно ја извршува Дороти Бејн КЦ.

Таа е главен судски службеник на шкотската влада и на круната во Шкотска, како за граѓански така и за кривични случаи кои спаѓаат во рамки на надлежност на шкотскиот парламент.

Дороти Бејн го проследи предлог-законот за референдумот за независност на Шкотска до судот, барајќи да одлучи дали Холируд, шкотскиот парламент именуван по област во главниот град Единбург, има надлежност да го донесе тој закон.

Владата на Велика Британија се противи на уште еден референдум за независност, истакнувајќи дека е „очигледно“ дека таа работа се однесува само на Вестминстер.

Нејзиниот судски застапник Џејмс Ејфи, исто така, тврди дека предлог-законот се уште е во многу рана фаза за судот да донесе одлука.

На плебисцитот во 2014 година одобрен од британската влада, Шкотите ја отфрлија независноста со 55 проценти.

Меѓутоа, Шкотската национална партија тврди дека гласањето за британското напуштање на Европската унија, две години подоцна, ја променило ситуацијата.

Старџен тврди дека гласачите на изборите за шкотскиот парламент минатата година ги поддржале партиите кои се залагаат за независност и дека имаат обврска да поднесат предлог-закон за одржување референдум на 19 октомври 2023 година.