Што му е потребно на Ѓоковиќ за прво место?

Тениската трка за првото место на АТП листата стана позамрсена и поинтересна од кога и да е. Рововската борба меѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал за врвот во „белиот спорт“ ќе трае до последен момент, до крајот на завршниот турнир во Лондон.

Со предавањето на мечот во полуфиналето на Мастерсот во Париз на Канаѓанецот Денис Шаповалов, шансите на Ѓоковиќ Новата година да ја дочека на врвот пораснаа. Меѓутоа, тој мора уште многу нешта да направи за ја реализира целта.

Сега Ѓоковиќ „заостанува“ само 640 бодови зад Надал. Се е сеуште отворено. На Србинот му пораснаа шансите после повредата на Надал, кој и ако се појави во Лондон ќе биде ровит и прашање е колку може да направи во престолнината на Англија.