Што по одложувањето на преговорите со ЕУ – тематска седница на Комисијата за европски прашања

Собраниската Комисија за европски прашања денеска ќе одржи тематска седница посветена на евроинтегративните процеси во Република Северна Македонија по
последниот Самит на Европскиот совет на кој беше одложена одлуката за почеток на преговорите за пристапување на земјава во ЕУ.

Се очекува обраќања да имаат вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

На седницата се поканети сите пратеници во Собранието, претставници на дипломатскиот кор, како и претставници на владиниот и невладиниот сектор, академската заедница, медиумите и други.