Штрајк на вработените во Амазон во Италија

Вработените во производствениот синџир на Амазон во Италија од денес стапија во 24-часовен штрајк. Тие бараат намалување на работниот ритам, посочувајќи дека
претпоставените ги третираат како роботи.

Од клиентите бараат помош и апелираат денеска да не порачуваат ниту да купуваат што и да е од Амазон. На штрајкот се приклучија сите и тоа не само вработени во Амазон туку и фирми кои имаат договори со главниот работодавач.

Синдикатите кои застапуваат различни категории вработени првпат успеаја да се договорат и да организираат штрајк на работниците во целиот производствен синџир.

 

(Фото: ЕПА / МИА)