Ѓоковиќ вешт и со фудбалска топка

Новак Ѓоковиќ се подготвува за Ју-Ес опен и го чека извлекувањето во четврток за да дознае кој му се наоѓа на патот кон освојување на 21 гренд слем титула.

Во меѓувреме светскиот рекет број еден покажа дека, освен со тениската, е вешт и со фудбалската топка.

Ноле меѓу два тренинга зеде фудбалска топка и почна да „жонглира“. Фоторепортерите тоа не можеа да го пропуштат, па искористија прилика да го забележат настанот.

Ѓоковиќ веќе два дена се наоѓа во Њујорк, а вчера тренираше со Норвежанецот Каспер Руд.

Ју-Ес опен се игра од 30 август до 12 септември.