ЃОКОВИЌ НЕ ГО ДАВА ТРОНОТ: Ноле прв на АТП листата, 378 недели по ред

LinkSense.mk

Новак Ѓоковиќ ја испиша историјата на тенисот.Тој стана рекордер по бројот на недели поминати на врвот на АТП листата (378).Српскиот ас сигурно ќе ја продолжи таа серија до 20 март.

Имено, шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го пропушти стартот на сезоната поради повреда, а овие потешкотии продолжуваат, бидејќи беше принуден да се повлече од турнирот во Акапулко.

Овој 19-годишник претходно го освои Буенос Аирес и беше поразен во финалето во Рио де Жанеиро.

Со откажување од натпреварувањето во Мексико, момчето од Мурсија му овозможи на Ѓоковиќ до 20 март сигурно да се најде на чело на АТП листата и да го зголеми бројот на недели на првата позиција (380).

Ако Новак го освои Дубаи, ќе му побегне на Алкараз на 700 бодови разлика.

„За жал, не сум во состојба да играм во Акапулко.

Имам истегнување на тетивата на десната нога од прв степен и оваа повреда ќе ме оддалечи од терените неколку денови. Тоа го покажаа тестовите кои ги направив вчераутро“, напиша Шпанецот на Твитер.

Останува да почекаме и да видиме колку победникот на УС Опен ќе отсуствува од терените.

Се уште нема информации дали ќе настапи во Индијан Велс (8-19 март), каде што го брани полуфиналето. Потоа следи Мајами, каде Алкараз ја брани титулата, односно 1.000 поени.

Да потсетиме, Алкараз моментално има 6.780 бодови, а Новак 7.025 и ја држи лидерската позиција на АТП листата.