Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, неделава ја почнува како прв на АТП листата, а веднаш зад него е Шпанецот Карлос Алкараз, кој веќе во понеделник би можел да го „тргне“ од таа позиција.
За такво нешто, потребно е вториот светски рекет да го освои турнирот во Индијан Велс, каде Ѓоковиќ не игра бидејќи му е забранет влез во Соединетите Американски Држави заради тоа што не е вакциниран против корона вирусот.
И на овонеделната АТП листа третата позиција му припаѓа на Гркот Стефанос Циципас, а по него се Каспер Руд, Тејлор Фриц, Данил Медведев и Андреј Рубљов, кои ги сменија позициите во однос на минатата недела.
Данецот Холгер Руне скокна на осмата позиција, Рафаел Надал е деветти, а Феликс Оже-Алијасим е десетти.