Јавноста го виде „опелот“ со кој се превезувале убијците кај Смилковско езеро

LinkSense.mk

Судиите од скопскиот Кривичен суд, Огнен Ставрев и Осман Шабани, заедно со обвинителите од СЈО, Фатиме Фетами и Гаврил Бубевски денеска извршија увид на автомобилот „опел омега“ за кој се смета дека бил употребен за бегство на осомничените во петкратниот масакр што се случи на 12 април 2012 година кај Смилковското езеро.

Се работи за повторена постапка, откако Врховниот суд „Монструм“ го врати на повторно судење, токму поради тоа што само МВР ги имаше видено автомобилот, а на странките во постапката им подели само фотографии. Пресудите за сите шестмина обвинети беа доживотен затвор.

Денешниот увид се изврши во депото на Агенцијата за управување со запленет имот, во близина на скопско Миладиновци.

 

24ВЕСТИ