Јакшиќ: Новите балкански граници ги црта европската десница

Појавувањето на нон пејперот кој „наводно“ словенечкиот премиер Јанез Јанша го има доставено на Брисел, предизвика полемика во регионот. За овој проект, кој беше
објавен и во српските медиуми, имаше дискусија, а официјалниот став на Белград беше презентиран преку изјавата на претседателот Александар Вучиќ, кој изјави дека нема видено никаква мапа, ниту план.

Српскиот аналитичар и колумнист Бошко Јакшиќ. за појавата на нон пејперот ја обвинува европската националистичка десница.

„Она за што сум длабоко убеден е дека зад тој проект, кој му е даден на Јанез Јанша да го напише, и во кој еден ваков текст има најверојатно уште некои коавтори, се крие европската националистичка десница, која повторно ја релативизира старата идеја дека меѓуетничките и мултиетничките држави се извор на проблем, а дека само чистите етнички држави можат да донесат мир. На Балканот тоа е невозможно и
сите се согласуваат дека од овој проект нема да биде ништо“, вели Јакшиќ во интервју за МИА.

Тој смета дека појавата на „новиот картограф“ кој вели дека моменталните граници на Балканот не се добри и дека треба да се направи некоја голема Србија, голема Албанија и нешто поголема Хрватска, дека треба потполно да се минимизира БиХ, која би била на границата на исчезнување, не е случајно и дека, иако речиси е невозможно овој план да се реализира, сите треба да сме многу внимателни.

„Во дадениот однос на сили каков е сега, мислам дека тој проект е нераелен. Но симтоматично е, на пример, каква беше реакцијата на Советот на Европа во 2008-та година кога се споменуваа слични идеи кои доаѓаа од европски кругови, од круговите на ЕУ и каква е сегашната нивна реакција за Балканот. Овојпат европскиот советпропушти остро да реагира. Дури и официјалните претставници на „прекроените држави“ не реагираа остро. Лидерите на Србија и на Хрватска го осудија нон пејперот и рекоа дека се против, но без некој голем ентузијазам. Премиерот на Албанија,
Еди Рама, пак, беше доста непрепознатлив во целата оваа ситуација“, истакна Јакшиќ.

Според српскиот аналитичар овој нон-пејпер бил лансиран или како пробен балон или ова било некоја тактичка аналитика на која веќе се работи, бидејќи во него како што се наведува, овие работи се во тек и на нив се работи. Се поставува само прашањето, вели Јакшиќ, кој тука може да победи.

Сегашниот однос на силите, на националистичката десница на Европа, здружена каква е и, смета тој, сеуште не е во состојба да реализира еден ваков проект, кој би бил погубен за Западниот Балкан.

 

(Фото: МИА)