„ЈП Морган Чејс“ влегува во метаверзумот

LinkSense.mk

Најголемата американска банка на Волстрит, „ЈП Морган Чејс“, најави отворање на канцеларија во виртуелниот свет Децентраленд и со тоа стана првата банка која обезбеди место во метаверзумот.

Како што наведуваат од банката, метаверзумот пружа пазарна можност од билион долари годишен приход, бидејќи креаторите користат технологија базирана на ‘блокчејн’ за да заработат од нивната работа на нов начин.

Оник лаунџ“, именуван по интерниот блокчејн’ платен систем на Морган, беше претставен заедно со извештајот на банката во кој детално се опишани можностите за раст на компаниите во врска со метаверзумот и причините за нивниот „експлозивен интерес“.

Посетителите на канцеларијата, која се наоѓа во трговскиот центар Метајуку во Децентраленд, ги пречекува тигар што шета и дигитален портрет на извршниот директор на банката Џејми Дајмон. Доколку играчите одат нагоре, можат да ја гледаат презентацијата на извршниот директор за економијата на криптовалутите.

Кога размислувате за економијата на метаверзумот – или метаномијата“, постојат можности во речиси секоја област на пазарот, велат од банката.

Ние не сме тука за да сугерираме дека метаверзумот што го знаеме денес ќе ги преземе сите човечки интеракции, туку да ги истражиме многуте возбудливи можности што ги нуди за потрошувачите и брендовите.

Во извештајот се истакнува дека просечната цена на виртуелното земјиште двојно се зголемила од 6.000 долари на 12.000 долари во периодот од јуни до декември минатата година.

ЈП Морган“ предвиде дека потрошувачката за рекламирање во игрите ќе достигне 18,4 милијарди долари годишно до 2027 година.

Оваа демократска економија на сопствеништво, заедно со можноста за интероперабилност, може да отклучи огромни економски можности, при што дигиталните стоки и услуги повеќе не се заробени во една единствена платформа или бренд за игри“, велат од банката.

Исто така, се поголемо е користењето на метаверзумот, поттикнато од интересот на големите брендови како што се „Волмарт“, „Најк“, „Геп“ и „Адидас“.

 

 

 

 

 

(Фото: Танјуг/АП)