Јувентус 14 пат триумфираше во Купот на Италија

Фудбалерите не Јувентус го освоија Купот на Италија откако во финалето ја совладаа екипата на Аталанта со 2:1.

Головите за „Старата дама“ ги постигнаа шведскиот интернационалец Дејан Кулушевски во 31 минута на асистенција на Меккени и Фредерико Киеза во 73 минута по додавањето од Кулушевски.

Малиновски го постигна голот за Аталанта во завршницата на првото полувреме.

Ова беше 14 триумф во Купот за најтрофејниот италијански клуб, додека Аталанта ја пропушти приликата после 58 години по втор пат во историјата да го подигне овој пехар.

Натпреварот во Сосуоло го одбележа мал јубилеј – 685 натпревар за „црно-белите“ на легендарниот голман Џиџи Буфон.

Јувентус во последното коло во Серија А ќе има прилика да обезбеди пласман во Лигата на шампиони, за што му е потребна победа на гостувањето во Болоња.

 

 

(Фото: ЕПА-ЕФЕ)