Јуниорската репрезентација на прием кај КФСМ и АМС

Раководството на Кошаркарската федерација, како и директорот на Агенцијата за млади и спорт, денеска организираа прием за нашата јуниорска машка репрезентација која на Европското првенство за кошаркари до 18 години, дивизија Б, го освои
четвртото место.

Генералниот секретар на КФСМ Владимир Георгиевски, спортскиот директор Тодор Гечевски и членот на Управниот одбор Ѓорѓи Војновиќ, ја поздравија одличната игра на јуниорите кои ни донесоа полуфинале на првенството што се одигра во Орадеа, Романија.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, пак, го потенцираше и ненадминливиот труд на репрезентативците и на целиот стручен штаб за постигнатиот успех на Евроското првенство.

Тој додаде дека само со напорна работа и упорност може да се постигнат зацртаните
цели.

На денешниот неофицијален прием беа присутни претставниците на јуниорската репрезентација во состав Виктор Ташовски, Виктор Златевски, Дарио Митевски, Лука Савиќевиќ, Павел Данаиловски, Марко Миловановиќ, Андреј Јакимовски, Виктор Исајлоски, Дамјан Бошковски, Никола Кацарски, Лејсон Зеќири и Андреј Андоноски, предводени од стручниот штаб на чело со Тони Симиќ, како и соработниците Нермин
Пепиќ, Никола Велев, Анатолиј Романов и Андреј Јованоски.