Јупитер и Сатурн во местоположба што не е видена од средниот век

Кога Сонцето ќе зајде на 21 декември, на зимскиот најкраток ден, луѓето на небото ќе имаат можност да ги видат Јупитер и Сатурн поблиску еден до друг од кога било.

Претходно ваква заемна положба имало пред речиси 800 години, на 4 март 1226, според астрономот Патрик Хартиган од Универзитетот Рајс. Приближувањето на двете планети трае од летото. Кога ќе го достигне својот зенит, меѓу 16 декември и Божиќ според Грегоријанскиот календар, растојанието меѓу нив ќе биде една петтина од ширината на полна Месечина на небото.

– Тие вечерта на 21 декември, ќе изгледаат како една двојна планета, одделени една од друга само една петтина од дијаметарот на полната месечина – рече професорот Хартиган.

Наредната слична астрономска појава ќе се случи 2080 година, па во 2400 година.