ЈуТјуб ги отстрани каналите на Армијата на Мјанмар

– ЈуТјуб ги суспендира петте канали кои ги уредува мјанмарската армија поради кршење на правилата на мрежата.

– Отстранивме голем број канали и видео-снимки од ЈуТјуб во согласност со нашите правилка и услови за користење, се наведува во соопштенито на ЈуТјуб.

Отстранети се „Мјавади медиа“ (Myawaddy Media), „МРТВ“, „ВД онлајн бродкастинг“ (WD Online Broadcasting), „МВД Вариети“ (MWD Variety) и „МВД Мјанмар“ (MWD Myanmar).

Одлуката е последица на воениот удар од 1 февруари, со кој е соборена цивилната влада на Мјанмар.

Претходно, Фејсбук и Инстаграм ги отстранија сите страници поврзани со мјанмарската армија.