„Њујорк тајмс“: Победата на проруските кандидати во Бугарија и Молдавија – нов удар за Западот

Последиците на антируските санкции и антиглобалистичкото расположение доведоа до победа на на проруските политичари на претседателските избори во Молдавија и Бугарија, смета „Њујорк тајмс“.

Санкциите нанесоа штета на стопанствата на двете држави и не е никакво чудо што граѓаните своите гласови ги дадоа за кандидатите кои ветија дека ќе ги поправат односите со Москва.

Недовербата во прозападните кандидати е предизвикана од тоа што избирачите се незадоволни поради корупцијата во власта и малиот животен стандард во однос на Запад – тој јаз после рушењето на социјалистичките системи во Источна Европа е се поголем.

moldavia

Освен тоа, жителите во тој регион се се повеќе разочарани од западните вредности, пренесува „Њујорк тајмс“.

Не е можно да се занемари и значењето на историските врски на двете земји со Русија, истакнуваат авторите на текстот.

Новоизбраниот претседател на Бугарија, Румен Радев
Новоизбраниот претседател на Бугарија, Румен Радев

За сега е неизвесно до кое ниво ќе оди приближувањето на Молдавија и Бугарија кон Русија, но е очигледно дека незадоволството на народот со прозападните насоки на претходните власти доведе до последици кои на Запад малку кој ги очекуваше, што може да се спореди со состојбата на неодамна завршените претседателски избори во САД.

Какви и да се причините поради кои граѓаните на двете земји ги поддржаа проруските кандидати, резултатите од изборите се нов удар за Западот во најнезгоден момент, оценува американскиот „Њујорк тајмс“.

Новиот претседател на Бугарија е генералот Румен Радев, кој беше подржан од опозициската бугарска Социјалистичка партија и кој најавува подобри односи со Русија, додека во Молдавија победи оној кој вети поврзување со Москва, Игор Додон.

Ветувањето дека ќе ја подобри соработката со Москва, го донесе на тронот на Молдавија, Игор Додон - новиот претседател
Ветувањето дека ќе ја подобри соработката со Москва, го донесе на тронот на Молдавија, Игор Додон – новиот претседател