Џавид: Британија преминува од штедење кон инвестиции

LinkSense.mk

Британскиот министер за финансии Саџид Џавид денеска изјави дека земјата ја заврши деценијата на штедење и се фокусира на инвестирање во раст и покрај економската неизвесност поради Брегзит.

„Сега можеме да си дозволиме да ја свртиме страницата на штедење и да продолжиме напред од една деценија на закрепнување во деценија на обновување“, изјави Џавид пред Парламентот каде што го објави својот план за расходи за следната година.