Џенет Џексон стана мајка во 50 година

Американската пеачка Џенет Џексон стана мајка во 50-тата година и роди здраво машко бебе, потврди нејзиниот портпарол.

Џексон и нејзиниот сопруг Висам Ел Мана бебето, кое се роди во вторникот, го нарекоа Еиса.

Сестрата на починатиот „крал на попот“ Мајкл Џексон во април ја прекина турнејата но не ги потврди муабетите дека е трудна.

„Мислам дека е важно да бидете први на кои ќе им кажам. Мојот сопруг и јас планираме семејство, па ќе морам да ја одложам турнејата“, порача пеачката на социјалните мрежи.

Од тогаш Џенет ретко се појавуваше во јавност, а на фотографии во септември се појави си труднички стомак.

Во октомври, во магазинот Пипл, официјално обелодени дека очекува бебе.

Џексон се омажи за катарскиот бизнисмен во 2012 година и ова е нивно прво дете.