Џенифер Лопез: Во 2020 година сфатив што е најважно

Џенифер Лопез ја сумираше 2020 година за своите обожаватели, кога се качи на сцената на доделувањето на Награди по избор на публиката на „Ентертејнмент“ вчеравечер.

– О Боже, 2020 година не беше шега, нели? Мислам, пред 2020 година, бевме опседнати со освојување на оваа награда, ние кои бевме номинирани за оваа награда – кој ќе продаде најмногу плочи… Оваа година ни покажа што е важно, а што не!, рече Лопез прифаќајќи ја наградата за икона на публиката.

Непосредно, пред камерата се појавија Никол Кидман, Рене Зелвегер и други познати личности кои го споделуваа своето воодушевување.

Џенифер беше изненадена и видно поласкана од сѐ тоа.

– Да си помагаме едни на други, да се сакаме едни со други. Верувам дека ова е она што сите го сакаме, споделено искуство – да знаеме дека не сме сами во ова, продолжи Лопез. – Вашата вера и верба во мене ме мотивираат да одам напред, а понекогаш и кога сум уморна, како и многумина од нас оваа година, тоа е моето семејство, моите пријатели, моите малечки и моите обожаватели, вие кои ме поткревавте кога не можев да се подигнам.

Лопез ја започна својата кариера како филмска танчерка, пред да стане глумица, а потоа и светски славна пејачка и продуцент.