Џонсон ги повика британските родители да ги пуштат децата на училиште

Британскиот премиер Борис Џонсон ги повика родителите во септември да ги испратат своите деца на училиште, објаснувајќи дека тоа ќе биде клучниот чекор во закрепнувањето на земјата и нејзината економија од ефектите од пандемијата со коронавирусот.

-Ризикот децата да се заразат со Ковид-19 на училиште е многу мал и многу е штетно за нивниот развој и здравје да не одат на училиште, рече Џонсон.

Затоа, додаде тој, клучно е децата да се вратат во училниците за да учат и да бидат со другарите, пренесуваат британските медиуми.

-Ништо нема да има поголем ефект врз животните шанси на нашите деца отколку да се вратат на училиште, рече британскиот премиер.