Џон Мекинро му се поклони на Ѓоковиќ

LinkSense.mk

Легендарниот Џон Мекинро го пофали српскиот тенисер и неговото издание на Вимблдон во првите две кола. Коментарот е дека тоа е едно течно, беспрекорно издание на ‘бројот еден’.

„Фактот дека Новак зборува за Златниот слем не тера да сфатиме колку е тој храбар и колку е над сите останати. Ние овде зборуваме за тенисер, не со со голема, туку со огромна самодоверба“, вели Мекинро.

Во текот на мечот со Андерсон рече дека „би го донел детето на трибини да учи на лице место од се што Новак работи“.

„Немам никаква дилема, тој е најсериозен кандидат за титулата. Тој е извонреден, изгледа прекрасно и е на пола пат од остварување на целта“, смета Мекинро.

На Би-Би-Си играта на Новак ја опишаа како да „не е од овој свет“.