Џо Бајден и син му, Хантер, под истрага!?

LinkSense.mk

Истиот ден кога Републиканската партија стигна до „магичната“ бројка 218, со која, после изборите, освојувајќи го мнозинството пратенички места, ја презеде контролата врз долниот дом на американскиот Конгрес од демократите, претставниците на оваа партија Џејмс Комер и Џим Џордан, им рекоа на новинарите дека американскиот претседател Џозеф Бајден бил активно вклучен во „прекуокеански работи“, меѓу кои бил и неговиот син Хантер.

Комер тврди дека семејството Бајден „процветало“, дека станале милионери едноставно нудејќи пристап до сопственото семејство.

Тој истакнува дека таткото и синот учествувале во „расипништва, измами и злоупотреби“ во меѓународни работи.

„Ова е истрага за Џо Бајден“, објави Комер, тврдејќи дека откриле докази за заговор и измама, кршење на законот за регистрација на странски агенти, перење пари, затајување на данок и други кривични дела.

Иако демократите претходно обезбедија тесна контрола над Сенатот, републиканската победа на мнозинството во Претставничкиот дом, само еден ден откако поранешниот шеф на Белата куќа, Доналд Трамп, ја објави својата кандидатура за 2024 година, претставува сериозен удар за актуелниот претседател Бајден.

Сега конзервативците ќе можат не само да отворат истрага за семејството Бајден, туку и да ги блокираат законодавните приоритети на демократскиот шеф на Белата куќа, и да одлучат кој од неговите предлози, вклучително и оние за буџетот, ќе помине.

Аналитичарите велат дека не би биле изненадени доколку републиканците покренат импичмент против Бајден. Тие прогнозираат дека на американскиот Конгрес му претстојат бурни денови, бидејќи на две години пред претседателските избори ќе има борба за власт во редовите на двете партии.

Трамп, сметаат, има силна база меѓу своите републиканци, но лидер на новото мнозинство во долниот дом на Конгресот стана огранок на „естаблишментот“, кој не го сака особено поранешниот претседател, е пратеникот од Калифорнија, Кевин Макарти.

„Американците се подготвени за нова насока, а републиканците во Претставничкиот дом се подготвени тоа да го остварат“, рече Мекарти, додека Бајден му честиташе велејќи дека е подготвен да работи со републиканците во Претставничкиот дом „за да можеме да постигнеме резултати“.

Ниту меѓу демократите на Бајден, предвидуваат аналитичарите, нема да биде мирно, бидејќи тие ќе се борат за лидерски позиции, со меѓусебни обвинувања дека изгубиле дел од Конгресот.

Иако не очекуваат значителни промени во надворешнополитичкото право, новата распределба на силите во Конгресот, убедени се, сепак би можела да има влијание врз ангажманот на САД во светот.

Велат дека темата за помош на Украина, која веќе започна, додека граѓаните на САД се борат со инфлацијата, само ќе ги зајакнела гласовите за нејзино намалување.

За половина година до девет месеци очекувале дека тоа ќе стане видливо и дека, поради внатрешните „борби“ во САД, ќе се појавеле пукнатини во односите со сојузниците во НАТО и ЕУ, бидејќи Американците нема да можат да наметнат лидерска позиција.

Ова, сметаат, било потенцијално опасна ситуација, која наводно може да се почувствува и на Западен Балкан, бидејќи вакуумот можел да донесе нови искри.

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: АП)