Кошаркарите на Игокеа ја победија вечерва во Скопје екипата на Карпош Соколи со резултат 84:79 во натпревар од второто коло од регионалната АБА лига.
Најефикасен играч на натпреварот беше Драган Лабовиќ (Карпош Соколи) со 22 поени, додека во победничкиот тим најмногу кошеви постигна Вук Радивојевиќ – 19 поени.
За екипата на Игокеа на овој натпревар настапи плејмејкерот Џејмс Робинсон кој првиот го пропушти поради повреда на раката. Во дебитантскиот настап Робинсон постигна 16 поени.