Жителите на островот Самоа и Кирибатија во Атланскиот океан први ја дочекаа 2017 година, а нешто подоцна Новата година е прославена и во Австралија.
Најспектакуларно беше во Сиднеј, каде што традиционално беше приреден вечиствен огномет.
На Самоа и Кирибатија Нова година стигна во 11 по наше време, а еден час подоцна прославена е и на Нов Зеланд.
Самоа пред пет години од економски причини одлучи од источната да помине во западната хемисфера, па сега во Новата година не влегува последна, туку прва.
Интересно е дека Американска Самоа, која од Самоа е оддалечена само осумдесетина километри, последна ќе влезе во 2017 година.
Во Австралија се одбројуваше во 14 часот, а највесело беше во сиднејското пристаниште, каде што повеќе од милион луѓе го гледаа огнометот кој им беше посветен на Принс и Дејвид Боуви, светските пеачки ѕвезди кои починаа во 2016 година.
Во 2017 година во 16 часот влегуваат Јапонија и Кореја, а еден час подоцна Кина.
https://www.youtube.com/watch?v=4VE7SuTEkQA&feature=youtu.be
https://www.youtube.com/watch?v=yKLF3rYQAVQ