Едно лице загина кога рано утрово автомобил удрил во вратата на руската амбасада во Букурешт, соопшти полицијата во романската престолнина.
На видеото направено пред да пристигнат пожарникарите се гледа како гори предниот дел од возилото, кое остана заковано на вратата.
Не е јасно дали судирот бил несреќен случај или намерен.
Полицијата соопшти дека истражува и не го откри идентитетот на возачот.
BREAKING: Man dies after setting himself on fire and crashing car into the Russian Embassy in Bucharest pic.twitter.com/QTFUtYEGaE
— BNO News (@BNONews) April 6, 2022
Во последниве недели, неколку руски амбасади во Европа беа цел на демонстранти огорчени од инвазијата на Украина.
Романија во вторникот објави дека ќе протера 10 руски дипломати кои не постапуваат во согласност со меѓународните правила, приклучувајќи им се на другите европски земји кои го сторија тоа во последните денови.
Речиси 624.860 Украинци избегаа во Романија откако Русија ја нападна нивната земја на 24 февруари, а околу 80.000 се уште се романска територија.