Актерот Алек Болдвин, на снимање на филмот „Rust“ во Ново Мексико, ја уби директорката на фотографија и го рани режисерот, бил на разговор во полицијата како дел од истрагата за трагичниот инцидент кој ја потресе фимлската индустрија.
„Дојде доброволно и ја напушти зградата откако ги заврши интервјуата – рече портпаролот на шерифот на Санта Фе, во изјава за новинската агенција АФП.
Медиумите објавија дека тој бил видно вознемирен и во солзи.
Официјални лица потврдија дека се застрелани Халина Хачинс, директорка на фотографија за филмот „Рѓа“ и режисерот Џоел Соуза.
Хачинс со хеликоптер била пренесена во болницата на Универзитетот во Ново Мексико, каде што и починала, додека пак режисерот Соузасо возило на брза помош бил пренесен во Регионалниот медицински центар и е задржан на понатамошно лекување.
Снимањето на филмот е прекинато.
Портпаролот на актерот Болдвин изјави дека се случила несреќа на сетот при погрешно пукање со реквизит пиштол.
Болдвин бил испрашан од истражителите. Инцидентот се случил за време на проба, објави Дедлајн, додавајќи дека „главниот член на актерската екипа, пукна со пиштол несвесен дека во него има вистински куршуми“.