Поранешниот американски бејзболиграч Алекс Родригез ја претстави својата нова линија козметички производи за мажи. Ова е плод на соработката со брендот „Химс енд хрс“, и се работи за коректори на „недостатоци“ на лицето, во 8 нијанси.
Родригез и неговата доскорешна свршеница Џенифер Лопез лани вложија парични средства во „Химс енд хрс“. И, иако во меѓувреме парот ја раскина свршувачката, Алекс не се откажа од заедничкиот бизнис.
Сакав да создадам производ што ќе ми го реши проблемот со којшто се соочував секој ден… Сфатив дека, како што „скокам” од состанок на состанок, ми треба нешто брзо и лесно во секојдневието за прикривање дамки и рани од бричење, вели Родригез во своето промотивно видео на Инстаграм.
Производот чини 17 долари и, како што вели описот, направен е од состојки како што се алое и масло од семе од козјо оревче, кои помагаат во смирување и хидрирање на кожата.