На вчерашното Собрание на тетовскиот огранок на Алијанса за Албанците беше избран Вулнет Мурсели за кандидат за градоначалник.
Членовите на Собранието гласаа помеѓу двајцата кандидати, Вјолца Бериша и Вулнет Мурсели.
„Тетово ја сака промената. Мораме да го запреме исмевањето и потсмевот на овие луѓе кои раководеа долги години со градот. На изборите во Тетово гледаме како на битка за враќање на достоинството на градот на два универзитети, градот со големи промени и градот кој е најпогоден од актуелната власт СДСМ-ДУИ. Од денеска ги започнуваме подготовките за реализација на проектите за развој на Општина Тетово, заедно со другите општини во кои Алијансата за Албанците ќе победи убедливо на изборите на 17 октомври“, истакна претседателот на партијата, Зијадин Села, пред членовите на Собранието.