Хуманитарен концерт ќе се одржи в недела во Младинскиот културен центар со почеток во 20 часот.
На сцената ќе настапат „Фолтин“, „Темпера“, диџеј Гоце САФ, диџеј Чваре, Тони Зен, „Милко“, „Мугер Фугер“, „Сетстат“, „Алтер Виво“, „Јаничари“, „Конкуеринг лајон“.
Мотив за организирање на настанот е пожарот што се случи зимава во „Макотекс“ во кој изгореа инструментите и студиото на голем број музичари.
Зградата на „Макотекст“ беше објект во кој твореше и снимаше скопската алтернативна и рок-сцена.
По пожарот следеше и поплава што ја уништи архивата на бендовите што ја создаваа со години.
Билетот за хуманитарниот концерт ќе чини 100 во претпродажба и 200 на врата.