Денес околу 11 часот во Ирак на патот кон градот Киркук од експлозија на подметната бомба се ранети пет италијански војници кои се наоѓаат во мисија на Специјалните сили во рамки на меѓународната операција за поддршка и обучување на ирачките сили.
Три војници се во тешка состојба од повредите, на еден од нив му е ампутирана ногата, задобиле и тешки внатрешни работи, надвор се од животна опасност и сите се сместени во воената болница во Багдад.
Овој инцидент се случува само два дена пред годишнината на трагичниот атентат во Насирија, на 12 ноември 2003 година кога загинаа 28 војници, од кои 19 Италијанци и девет Ирачани.
Во Ирак со недели состојбата е многу напната и се се понасилни манифестациите против тамошната влада, најголеми од 2003 година до сега.
(Фото: ЕПА)