Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, смета дека квалификацијата „тероризам“ е претешка за учесниците во настаните од 27 април во Собранието.
„Овие настани се болни. Применето е насилство врз народните избраници, применета е бруталност, но не и тероризам. Се знае што значи тероризам и каква квалификација е ‘тероризам’. Така што, мислам дека органите на правдата треба да ја разоткријат целата ситуација, бидејќи станува збор за комплицирана ситуација“, изјави Ахмети.
За да било наречено „тероризам“, требало да биде поинаков начин на дејствување, смета лидерот на ДУИ, додавајќи дека толпата што влезе во Собрание била еуфорична и бесна.
Како што објави ТВ21, Ахмети смета дека органите на правдата треба да кажат дали масата луѓе биле организирани или пак, самоогранизирани, и случајот што поскоро да добие завршница.