Полскиот фудбалер Роберт Левандовски го продолжи договорот со Баерн од Минхен до 2021 година, соопшти германскиот клуб.
„Многу сум среќен што преговорите дадоа позитивен резултат и што ќе останам во Баерн неколку години подолго.
Имаме големи амбиции“, рече Левандовски после потпишувањето.
Важечкиот договор на овој 28-годишен напаѓач истекуваше во летото 2019 година.
Претседателот на баварскиот клуб Карл-Хајнц Румениге рече дека е воодушевен со продолжувањето на соработката со најдобриот стрелец на Баерн.
„Среќен сум што го обезбедивме еден од најдобрите центарфори на подолг рок“, изјави Румениге.
Преговорите меѓу Баерн и Левандовски беа, како што е соопштено, интензивни и фер, заради што клубот му се заблагодари на играчот за „конструктивните разговори“.