Фудбалскиот клуб Барселона го повика Шапекоенсе во август следната година да учествува на традиционалниот турнир „Жоан Гампер“ во чест на играчите на тој бразилски клуб што настрадаа во авионската несреќа.
„Барселона сака да одаде почит на настраданите во авионската несреќа и нивните семејства“, се наведува во соопштението на шпанскиот клуб.
Турнирот „Жоан Гампер“ Барселона го организира секоја година непосредно пред почетокот на сезоната, а следниот ќе биде посветен на Шапекоенсе.
Авионот со членовите на бразилскиот фудбалски клуб Шапекоенсе, кој патуваа на натпревар од финалето на Копа
Судамерикана против Атлетико Насионал во Меделин, се сруши минатата недела во Колумбија.
Несреќата ја преживеаја шест од 77 лица во авионот, а меѓу нив тројца фудбалери.