Поранешниот претседател на Барселона, Џоан Лапорта, откри дека можел да го доведе Кристијано Роналдо пред да го купи Манчестер јунајтед.
„Ги доведовме Роналдињо, Маркез и Кварезма. Бевме во процес на смена на тимот. Бев во Португалија да преговарам за Деко, а тогаш ми рекоа дека имаат уште еден добар фудбалер – Роналдо. Понудив 17 милиони евра за него, но Манчестер даде 19 милиони и го купи, рече Лапорта.