Британскиот возач Џејсон Батон, светскиот шампион од 2009 година, најави дека се повлекува од Формула 1 после
Големата награда на Абу даби во недела, последна трка во сезонава.
„Викендов ќе ја возам мојата последна натпреварувачка трка. Во овој момент немам волја повеќе да се натпреварувам“, изјави возачот на „Мекларен“ на конференцијата за печат.
„Мекларен“ ја задржа опцијата Батон да се врати во 2018 година.
Британецот својата возачка кариера ја почна со 20 години, во 2000 година.
Трката во недела ќе му биде 305-та, а повеќе од него извозеле само Рубенс Баричело и Мајкл Шумахер.
Батон победи на 15 трки во Формула 1, а возеше за „Вилијамс“, „Бенетон“, „БАР“, „Хонда“, „Брон“ и „Мекларен“.