Навивачите на фудбалските клубови Динамо и Јувентус се судрија денес во Загреб, пред натпреварот на двете екипи во Лигата на шампиони.
Во инцидентот има неколкумина повредени, а причинета е поголема материјална штета.
Фанови на „Старата дама“ во изјави за медиумите рекле дека педесетмина навивачи на Динамо без причина нападнале неколку приврзаници на италијанскиот клуб.
Според проценки на хрватски и италијански медиуми, на натпреварот дошле меѓу 1.500 и 2.000 навивачи на Јувентус.
Натпреварот се игра во рамките на второто коло од Групата Х.