Поради техничките зафати во електросистемот на Град Скопје денеска без електрична енергија ќе бидат неколку скопски општини.
Во периодот од12:00 до 14:30 часот, без струја ќе бидат корисниците на дел од улица „Востаничка“, дел од улица „Св. Наум Охридски“ и дел од улица „Баница“ во општина Кисела Вода.
Без електрична енергија, во период од 11:00 до 14:00 часот, ќе бидат корисниците од населба Лисиче, улица „Димитар Туриманџовски“,дел од ТЦ Лисиче, дел од ТЦ Лисиче, околу маркет Елида во општина Аеродром.
Во периодот од 07:30 до 15:30 часот, без струја ќе бидат корисниците од село Миладиновци, Дељадровци, Текија, ТС Петља Аеродром, (улично осветлување на клучката Аеродром Петровец), во општина Илинден и општина Петровец. Исто така, од 08:30 до 11:30 часот, ќе нема струја кај корисниците од булевар „Кузман Јосифовски Питу“, дел од ТЦ Скопјанка, Мезе Бар во општина Аеродром.
Без електрична енегија, во периодот од 07:00 до 11:00 часот, ќе бидат корисниците од улица „Иван Хаџиниколов“, куќните броеви од 75-87 околу НЛБ Тутунска Банка во општина Кисела Вода, а од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од село Долно Количани, село Пагаруша, село Вртекица, село Рамни Габер во општина Студеничани и дел ос село Матка во општина Сарај.
Без електрична енергија, во периодот од 09:45 до 14:45 часот, ќе бидат корисниците од улица „Скупи“ – потрошувачите кај Ратко Митровиќ. во општина Карпош, а од 08:00 до 12:00 часот корисниците на дел од село Шишево во општина Сарај.