Двајца пилоти попладнево загинаа при пад на авион кај селото Баранович во Белорусија, соопшти прес службата на белоруското Министерство за одбрана.
„Воен авион ‘Јак-130’ од Лидската јуришна авио-база падна кај Баранович… За жал, двата пилоти загинаа“, кусо се наведува во соопштението од воениот ресор.
Авионот паднал на куќа, но нема жртви меѓу населението.