Движењето Беса нема да поднесе тужби до Управниот суд по одлуките на Државната изборната комисија да биде прифатен само еден од осумте приговори за нерегуларности на изборите.
Во партијата се сомневаат во независноста на Управниот суд кој што треба да ослучува по тужбите.
Во моментов во тек е рокот кои партиите го имаат за поднесување тужби до Управниот суд.
Државната изборна комисија го прифати само приговорот на Беса за едно гласачко место во Гостивар дури откако со графолошко вештачење беше утврдено дека место Фатиме Сулејмани која што сведочеше пред членовите на комисијата за случувањата на денот на гласањето, гласало друго лице и се потпишало наместо неа.