Најсилната светска криптовалута според пазарната вреност, Биткоинот, порасна денеска првпат во последниве четири недели над 50.000 долари, продолжувајќи го искачувањето кое го бележи од почетокот на октомври.
Најстарата глобална криптовалута падна на 7 септември под тоа ниво, во општата распродажба на дигиталните валути во фирмите вклучени во блокчејн ланци, и продолжи да тоне, се до 21 септември кога дојде на најниското ниво од 40.596 долари.
Биткоинот денеска порасна за 2,35 отсто, на 50.398,10 долари.
Вложувањата во крипто производите и фондовите бележат раст седна недела по ред, затоа што институционалните инвеститори ги охрабри веста за поддршка на државните регулатори, според извештајот објавен на порталот „Коиншерс“ за управување со дигитална сопственост.