Со фонд од 500 милиони долари авиокомпанијата Боинг ќе ги обештети семејствата на 346 лица загинати во несреќите со авионите на Боингот 737 Макс. Фондот е дел од договорот со Министерството за правда на САД.
Во јануари, Боинг се обврза да исплати отштета на семејствата на загинатите во несреќата на „Лајон Ер“ во 2018 и на „Етиопија Ерлајнс“ во 2019 година.
„Секое семејство ќе добие околу 1,45 милиони долари и ќе ги добие парите веднаш штом ќе бидат поднесени потребните документи“, соопшти Боинг.
Фондот е само дел од Договорот на Боинг со американското Министерство за правда што е во висина од 2,5 милијарди.
Компанијата Боинг е обвинета за лажно издавање сертификати за безбедност на авиони.
Договорот и овозможи на компанијата Боинг да избегне судска постапка, но не и тековни граѓански спорови.